Реал Мадрид за малку ќе потпише договор со фудбалерот кој го нападна Винисиус

Реал Мадрид бил многу блиску до потпис со младиот аргентински талент Џанлука Престијани во зимскиот преоден рок во 2023 година, пренесе бразилскиот медиум GeGlobo.

Според извештајот, интерес за офанзивниот фудбалер покажале и од таборот на Барселона, кои исто така стапиле во контакт со неговиот агент. Во тој период Престијани настапувал за Велез Сарсфилд во аргентинската Примера дивизион и важел за еден од најперспективните млади играчи во Јужна Америка.

Мадридскиот гигант бил „многу блиску“ до реализација на трансферот, но на крајот договор не бил постигнат. Сепак, фактот што два европски гиганти како Реал и Барселона влегле во трка за неговиот потпис доволно говори за потенцијалот што го поседува аргентинскиот бисер.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *