Поранешен фудбалер на Баерн Минхен ќе го води Самсунспор против Шкендија!

Екипата на Шкендија ја очекува европски предизвик против турскиот претставник Самсунспор во рамки на Конференциската лига, а ривалот во пресрет на дуелот се одлучи за тренерска смена.

По серијата слаби резултати, раководството на Самсунспор на 14 февруари се раздели со германскиот стратег Томас Рајс, а експресно реагираше со назначување на негов наследник. Нов предводник на турскиот тим е искусниот Торстен Финк, кој стави потпис на договор со важност од една и пол година.

Финк во својата тренерска кариера седел на клупите на Генк, Ал Наср од Дубаи, Австрија Виена, Базел и други клубови, додека како фудбалер најголем белег остави во дресот на Баерн Минхен каде што играше од 1997 до 2003 година и собра над 100 настапи.

Првиот судир меѓу Шкендија и Самсунспор е закажан за в четврток од 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде што тетовци ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат пред реваншот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *