Валенсија со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Леванте, а во центарот на вниманието повторно се најде македонската „единица“ Столе Димитриевски.
Македонскиот репрезентативец блескаше меѓу стативите и со неколку клучни интервенции не дозволи противникот да ја затресе мрежата. Неговата сигурност и смиреност влеаја дополнителна доверба во одбраната, па „лилјаците“ без поголеми турбуленции стигнаа до цел плен.
По последниот судиски свиреж, од клубот објавија видео од неговите одбрани, кое експресно се прошири на социјалните мрежи. Во описот кратко и јасно порачаа: „Столе, лилјакот“, алудирајќи на неговиот одличен настап.

Leave a Reply