КК Работнички по 50 години добива модерен „дом“ по ФИБА стандарди!

По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата „Работнички“ – некогашниот симбол и гордост на Општина Центар.

Оваа сала со децении беше запуштена и во катастрофална состојба, сега повторно ќе заживее!

Градежните активности се во полн ек, веќе се поставува нова фасада и нов покрив, по што следува клучниот дел – целосна реконструкција на теренот и гледалиштето според ФИБА стандарди.

Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани.

КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *