Спектакуларната тројка на Димитријевиќ против Макаби (Видео)

Ненад Димитријевиќ блесна кога беше најпотребно и одигра партија за паметење во дресот на Баерн, но и покрај неговата херојска изведба, германскиот тим остана со празни раце во пресметката со Макаби.

Македонскиот плејмејкер испорача дабл-дабл учинок и беше моторот на својот тим во текот на целиот натпревар. Круна на неговата одлична вечер беше драматичниот финиш – на само девет секунди до крајот, Димитријевиќ презеде одговорност. Со одличен дриблинг се ослободи од чуварот, ладнокрвно шутираше зад линијата за три поени и погоди под фаул.

Сигурен беше и од линијата за слободни фрлања, носејќи му минимално водство на Баерн од 99-98 и навестувајќи херојски расплет. Сепак, во последните мигови Макаби успеа да возврати и да го сврти резултатот, оставајќи го Димитријевиќ без заслужената улога на јунак на вечерта.

И покрај поразот, настапот на македонскиот репрезентативец уште еднаш потврди дека станува збор за играч кој знае да ја преземе одговорноста кога натпреварот се крши.