Во Кочани денеска се одигра натпреварот помеѓу Осогово и Вардар кој имаше хуманитарен карактер и на крајот заврши со победа на гостите од Скопје со 4-1.
Средствата од овој натпревар ќе бидат донирани за жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, а исто така на натпреварот „Комити“ на аукција купија дрес за 23.000 денари, сума која исто така ќе биде донирана.
Кога е натпреварот во прашање, стрелци за прволигашкиот лидер беа Горан Закариќ, Димитар Тодоровски и двапати погоди Филип Дурански додека огодокот на Осогово беше автогол на Азер Омерагиќ.

Leave a Reply