Мегваер прави трансфер во големиот ривал на Јунајтед

Според англиските медиуми, стоперот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер нема да го продолжи договорот со “црвените ѓаволи”, кој му истекува на крајот на тековната сезона.

Дефанзивецот има понуди од Серија А, но и од неколку клуба од Премиер лигата.

Последните информации се дека преговара со Челзи, каде најверојатно ќе се пресели на лето како слободен агент.

Мегваер ја започна кариерата во Шефилд јунајтед, по што играше за Хал сити, Виген и Лестер, за во летото 2018 година да премине во Манчестер јунајтед за 87 милиони евра.

Од тогаш до сега за клубот од Олд Трафорд има одиграно 256 натпревари и постигнато 17 голови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *