Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето на Австралија опен

by

in

Новак Ѓоковиќ се пласираше директно во четвртфиналето нa Австралија Oпен, откако неговиот противник во осминафиналето, Јакуб Меншик, го предаде мечот без борба.

Меншик својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи. Нивниот меч од осминафиналето беше очекуван со голем интерес, делумно и затоа што Меншик минатата година го совлада Ѓоковиќ во финалето во Мајами.

Српскиот тенисер ќе има пауза од дури четири дена и го чека победникот од мечот помеѓу деветтиот и петтиот носител, Лоренцо Музети (Италија) и Тејлор Фриц (САД).


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *