Лазаров: Ќе ја совладавме Португалија ако не беше црвениот картон и повредите на стартот!

Македонската ракометна репрезентација ремизираше против Португалија (29-29) во второто коло од Европското првенство (ЕП).

Селекторот Кире Лазаров кажа дека Македонија можела и до победата, доколку не ѝ се случеа проблемите на стартот на средбата.

„Ги загубивме двете крила уште на старотот, но и нашиот искусен играч со црвен картон. Сè што имавме планирано се растури и се создаде хаос пред крајот на првото полувреме. Вториот дел не почна најдобро, но ја најдовме точната форма и стигнавме до реми. Во еден момент, во наши разговори пред мечот со Данска, им реков да се борат до крај зашто ќе е важен секој гол бидејќи можно беше да се одигра со Португалија. Токму тоа и се случи. Треба малку да се смириме, да одмориме и утре нема да тренираме. Сакам да се одморат играчите, да видиме што ќе се случи со повредените ракометари и да видиме што ќе ни треба за победа“, кажа Лазаров.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *