Фудбалскиот клуб Арсими, судејќи според случувањата во Медулин, не ги минува најмирните подготовки, откако денешниот контролен натпревар против полската Одра беше прекинат уште на полувреме.
Од таборот на полскиот клуб преку социјалните мрежи информираа дека македонската екипа го напуштила теренот предвреме, без да биде наведена конкретна причина за таквата одлука.
„Денешниот натпревар против екипата на Арсими од Македонија заврши предвреме откако од непознати причини фудбалерите на екипата на Арсими го напуштпија теренот пред крајот на првото полувреме“, стои во објавата на Одра.
Арсими, кој претходно веќе запиша три порази на досега одиграните контролни натпревари, засега не се има огласено по повод прекинот на денешната средба.


Leave a Reply