Дамјан Митев: Сите знаеме која е Данска, до вчера ти биле идоли, а сега играш против нив!

Македонската ракометна репрезентација утре го стартува настапот на Европското првенство, а ждрепката не беше наклонета – на стартот нè очекува еден од главните фаворити, селекцијата на Данска.

Во составот на Кирил Лазаров се наоѓа и младиот Дамјан Митев, кој искрено признава дека до неодамна данските асови ги следел како идоли, а сега ќе има можност да им се спротивстави на теренот.

„Данска си е Данска, сите ја знаеме и нема што да се зборува за нив. Одиме максимално фокусирани на Португалија и Романија. Треба да се подготвиме на највисоко ниво, да одиграме како што треба. Во Данска знаеме сите кои играчи настапуваат за репрезентацијата. Тоа се играчи кои до вчера ти биле идоли, а сега треба да играш против нив, чувството е феноментално. Мора да дадеме максимум, ова е Европско првенство. Нема чување бидејќи секогаш е чест да се игра за Македонија“, изјави Митев.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска е закажан за утре (петок) со почеток од 20:30 часот.

View this post on Instagram

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *