Роке Санта Круз ќе игра и на 44 години, потпиша за нов клуб!

by

in

Легендарниот парагвајски голгетер Роке Санта Круз и на 44-годишна возраст нема намера да стави крај на богатата фудбалска кариера.

Искусниот напаѓач по настапите за Либертад во минатата сезона, реши да продолжи со активното играње и потпиша договор со екипата на Национал од Парагвај.

Санта Круз остави длабока трага и на европската сцена, каде што настапуваше за големи клубови како Баерн Минхен, Манчестер Сити и Малага, додека во последната деценија е стандарден дел од фудбалот во својата татковина.

За репрезентацијата на Парагвај одигра 112 натпревари и постигна 32 погодоци, со што се вбројува меѓу најзначајните имиња во историјата на националниот тим.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *