Димитријевиќ во друштво на Ѓоковиќ! (Фото)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ на социјалните мрежи сподели интересен момент од празничните денови, објавувајќи фотографија на која позира заедно со најуспешниот тенисер во историјата – Новак Ѓоковиќ.

Спортските ѕвезди очигледно ги користат божиќните празници за одмор и релаксација, а опуштената атмосфера е повеќе од очигледна на фотографијата. Димитријевиќ е во друштво на својот син, додека Ѓоковиќ делува како штотуку да излегол од базен, по кратка рекреација. Средбата се случила во Дубаи, каде што двајцата престојуваат во овој период.

Српскиот ас полека влегува во завршна фаза од подготовките за настапот на Австралија опен во јануари, додека македонскиот репрезентативец по празниците ќе им се врати на обврските со Зенит од Санкт Петербург.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *