Македонија остана без еден ракометар за ЕП, Лазаров повика негова замена

Македонската ракометна репрезентација остана без еден од играчите планирани за настап на Европското првенство.

На тренинг се повреди Валентин Карасманакис, кој требаше да биде еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата. Кружниот напаѓач на Алкалоид има скршеница на прстот и раката му е имобилизирана, па поради тоа го очекува спортска пауза.

Селекторот Кирил Лазаров веднаш мораше да реагира, а на негово место од резервниот список ќе се најде искусниот Никола Маркоски.

Македонија ќе тренира во Скопје уште неколку денови, а потоа патува за Хрватска. За таму е планиран натпревар против домаќинот во Пореч, додека пред шампионатот ќе се отпатува во Винтертур и ќе се играат тестови со Швајцарија, Бахреин и Украина.