Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека Дени Мусовски сè уште е заинтересиран да го облече дресот на македонската репрезентација.
Напаѓачот со македонско потекло, роден во САД и еден од поистакнатите фудбалери во американската МЛС-лига, одамна е на радарот на македонската јавност.
Уште во 2020 година Мусовски јавно ја изрази желбата да настапува за Македонија, но и покрај тоа, никогаш не доби повик за настап во сениорскиот национален тим.

Leave a Reply