Бојан Миовски доби место помеѓу најдобрите во Шкотска!

—

by

in

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе го остави еден од највпечатливите викенди откако пристигна во редовите на Ренџерс, одигрувајќи партија што без сомнеж е неговата најдобра во шкотскиот гигант.

Ренџерс славеше убедливо со 0-3 на гостувањето кај Килмарнок, а Миовски беше главниот актер на мечот. Со двата рани погодоци токму тој го трасираше патот кон новиот триумф и ја постави основата за сигурниот излез на неговиот тим.

За клуб кој ја почна сезоната катастрофално, ова е шеста победа во актуелното првенство, резултат што ги искачи „плавите“ до четвртата позиција на табелата.

Освен Миовски, место во идеалниот тим на колото најдоа и: Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *