Фудбалерите на Вардар не дозволија изненадување и денеска со победа над Македонија Ѓорче Петров од 2-1 ја потврдија првата позиција за првиот дел од сезоната.
Од првата минута Вардар тргна офанзивно кон голот на домаќините, правеше се за да дојде до гол, но и покрај теренската иницијатива во првиот дел мрежите мируваа.
Казната за промашувањата на Вардар стигна во 53. минута кога Еступининан ја затресе мрежата на Вардар.
Но, Вардар сепак, не се откажа од својата намера и во 62. минута прво дојде до израмнуваање, а само четири минути подоцна направи целосен пресврт. Стрелец на двата гола беше Омерагиќ.
Со овој триумф Вардар остана пед Струга со бод повеќе. Стружани денеска во својот натпревар го совладаа Тиквеш на домашен теерен со 1-0.

Leave a Reply