Тренерот на Валенсија не штедеше пофалби за Димитриевски: Многу добар натпревар, не само поради пеналот (Видео)

by

in

Столе Димитриевски блесна во дресот на Валенсија во Купот на Шпанија, каде што неговите интервенции во најдраматичните моменти ја однесоа екипата во следната фаза. Македонскиот репрезентативец во самиот финиш од продолженијата успеа да спречи сигурен погодок, одбранувајќи пенал во 119. минута, па само неколку моменти подоцна неговите соиграчи ја запечатија победата со гол за конечни 2-1 на гостувањето во Картагена.

За Димитриевски ова беше меч што дојде во вистински момент, особено по бурните реакции околу неговата неодамнешна изјава дадена во Македонија, поради која влезе во краток конфликт со клубот. Сепак, на теренот покажа дека останува клучна фигура во составот на Валенсија.

По натпреварот, стигна и признание од Карлос Корберан, кој имаше само пофални зборови за македонскиот чувар на мрежата.

„Многу добар натпревар на Димитриевски, не само поради пеналот, туку и поради неговата смиреност и контрола која ја покажа во текот на целиот меч. Противничкиот тим не создаде многу шанси, но имаа голем број на контранапади што можеа да ни предизвикаат повеќе проблеми. Тој одигра многу солидно и беше одлучувачки за нашиот пласман во следната рунда“, рече тренерот на Валенсија, Корберан.

View this post on Instagram

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *