Клубовите побараа смена на Антиќ!

На денешното Собрание на КФСМ клубовите и официјално побараа смена на актуелниот претседател Перо Антиќ.

Клубовитеп окажаа дека опозицијата во овој момент има мнозинство и не ги прифати предложените комисии од страна на актуелното раководство.
Еден од членовите на почетокот и побара разрешување на Антиќ заедно со Управниот и Надзорниот одбор.

Oд КФСМ сепак истакнаа дека таквото барање е спротивно статутот на федерацијата.

„Во однос на одредени правни прашања. Гледам дека има одредени предлози, но мора да кажам дека се спротивни од деловникот.

Неспорно е дека претставниците може да предложат промена на Дневниот ред, но тој денеска да се гласа е спротивен според член 18. Материјалот се доставува најмалку 15 дена пред одржување на седницата“, објаснија од правниот тим на КФСМ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *