Милевски од денеска повеќе не е селектор на Македонија!

by

in

Со завршувањето на ноември официјално истече и договорот на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

Од Фудбалската федерација на Македонија засега нема конкретни информации, но проценките се дека во следниот репрезентативен прозорец националниот тим ќе има нов човек на кормилото.

Милевски беше врзан со договор до 30 ноември, односно до крајот на квалификацискиот циклус. Тешкиот пораз од Велс во Кардиф (7-1) само ја засили перцепцијата дека разделбата е неизбежна по истекот на обврската.

Во својот мандат, „сер Боби“ ја предводеше Македонија на 48 натпревари, при што оствари 18 победи, 14 ремија и 16 порази, биланс што го вбројува међу ретките селектори со повеќе триумфи отколку нерешени резултати и порази.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *