Наполи во вторникот ја запиша планираната победа во Лигата на шампионите против Карабах со 2-0, а македонскиот ас Елиф Елмас доби шанса во завршницата, играјќи околу петнаесет минути.
Елмас влезе во игра во 74. минута наместо Ноа Ланг, а иако кратко беше на теренот, успеа да се истакне со атрактивен потег кој сега клубот го сподели на своите социјални мрежи.
Во таа акција Елмас маестрално ја протна топката меѓу нозете на Дани Болт, потег што веднаш го привлече вниманието. Наполи го придружи видеото со краток, јасен коментар: „Чиста класа“.

Leave a Reply