Македонија го прегази Азербејџан – победа од 38 поени разлика во „Кале“

Македонската кошаркарска репрезентација приреди убедлива партија во салата „Кале“, славејќи над Азербејџан со високи 87-49. Нашиот тим од самиот почеток наметна силно темпо и цврста одбрана, па гостите во првите 20 минути беа ограничени на само 21 поен, додека Македонија за тоа време стигна до комотни 40.

И во продолжението избраниците на селекторот не попуштија – разликата постојано растеше, а на крајот мечот заврши со убедливи +38 за домаќините.

Најефикасен на паркетот беше Андреј Јакимовски, кој блесна со 25 поени и 11 скокови. Одличен настап имаше и искусниот Војдан Стојановски, кој мечот го заврши со 16 поени и исто така 11 скокови.