Македонската фудбалска репрезентација ќе мора преку бараж да го брка својот прв историски пласман на Светското првенство во 2026 година.
Светската федерација ги објави шеширите за ждрепката и прецизно назначи дека сите селекции кои ќе обезбедат пласман преку баражот автоматски ќе бидат сместени во последниот, најнискиот шешир.
Нашиот национален тим во полуфиналниот бараж ќе се соочи со Данска на 26 март. Доколку „црвено-жолтите“ приредат ново чудо и влезат во финалето, пет дена подоцна ќе играат против победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска, во меч што ќе го одреди патникот на СП 2026.

Leave a Reply