Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски блесна во дресот на Славен Белупо и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во хрватското првенство.
Несторовски беше двоен стрелец во убедливата победа од 4–1 против Вуковар, одигра сите 90 минути и беше најистакнат фудбалер во редовите на својот тим.
Со ваквата впечатлива партија, напаѓачот без дилема го заработи своето место во најдобриот состав на 14. коло во елитната хрватска лига.


Leave a Reply