Поранешна репрезентативка на Македонија ќе стане судијка! (Фото)

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јована Саздовска, која неодамна стави крај на активната играчка кариера, останува дел од спортот – но во сосема нова улога. Таа ќе ја започне својата судиска патека.

Саздовска на социјалните мрежи објави фотографија во судиска опрема, придружена со кратка, но значајна порака:

„Ајде да ја видиме играта од другата страна“.

Неа ја очекуваат потребните обуки и семинари што треба да ги комплетира пред да почне да суди официјални натпревари. Последниот клуб за кој настапуваше беше романската Слатина, каде ја заврши својата професионална ракометна етапа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *