Македонската фудбалска репрезентација на денешната ждрепка од 13 часот ќе го дознае противникот во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2026 година.
Македонија се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска, а ќе игра против еден од тимовите во првиот шешир.
Во првиот шешир се наоѓаат Италија, Данска, Турција и Украина.
Полуфиналните дуели се закажани за 26 март, а финалето за 31 март.

Leave a Reply