Комедија: Погледнете каков гол беше постигнат во македонската Трета лига (Видео)

Несекојдневен момент го одбележа дуелот меѓу Вардар Брвеница и Ренова (3-2), каде што Андреј Стојановски успеа да се најде меѓу стрелците на навистина необичен начин.

По една топка испратена кон него, Стојановски се намести за удар, но во моментот на шут – се лизна. Се чинеше дека ситуацијата е рутинска за противничкиот голман, кој требаше лесно да ја смири топката.

Но наместо сигурна интервенција, уследи голема грешка. Топката му се провлече меѓу нозете и заврши во мрежата, на општо изненадување на сите присутни.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *