Со дебаклот од Велс заврши и договорот на Милевски!

Натпреварот со Велс во Кардиф воедно беше и последен за селекторот Благоја Милевски во рамките на актуелниот договор со ФФМ. Мандатот му истекува во ноември, а во федерацијата во следните денови ќе мора да пресечат – дали ќе ја продолжат соработката или ќе влезат во баражот со нов селектор.

Ерата на Милевски донесе најдолга серија без пораз во историјата на репрезентацијата и низа солидни резултати против реномирани ривали. Но на неговиот мандат остануваат и две тешки дамки – двете највисоки порази во историјата: катастрофите од Англија (7:0) и вчерашниот дебакл во Кардиф (7:1).

И покрај овие падови, Македонија под негово водство успеа да стигне до бараж за Мундијалот, кој ќе се игра во март.

Во ФФМ кружат три можни сценарија.

Првата опција е раскинување на соработката и избор на нов селектор пред баражот.

Втората – најреална и најфер, според дел од фудбалската јавност – е кратко продолжување на договорот до март, по што, зависно од исходот, би се решавало за понатамошната соработка.

Третата пак: ФФМ да му понуди на Милевски нов, долгорочен договор и да продолжи да го гради проектот започнат под негово водство.

Останува да видиме за што ќе се одлучат во федерацијата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *