Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минимална над Данска со 79:78.

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на четвртината од 21:18. Репрезентацијата на Данска стигна и до предност од девет разлика (29:20), но македонскиот состав сепак до крајот на полувремето успеа да дојде и до водство.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Мерит Хемпе со 25 поени, додека кај Данска Фрида Форман постигна 18 поени.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *