Една од ѕвездите на Велс се враќа од повреда и ќе игра против Македонија

by

in

Македонија на 18 ноември ќе настапи во Кардиф против Велс во својот последен натпревар од квалификациите за Светското првенство, а домаќините добија значајно кадровско засилување пред пресметката.

Според информации објавени од „Би-Би-Си“, дефанзивецот на Тотенхем, Бен Дејвис, ќе се врати во националниот тим и ќе биде дел од составот на Велс за претстојните дуели со Лихтенштајн и Македонија во рамки на квалификациите за Мундијалот.

Искусниот стопер беше надвор од терените од 13 октомври поради повреда.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *