Делегација на Реал Мадрид му оддаде почит на Жота(видео)

by

in

Во пресрет на утрешниот дерби натпревар помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид во рамките на Лигата на Шампионите, неколку членови од екипата на шпанскиот тим одлучија да оддадат почит на предвремено починатиот Диого Жота.

Чаби Алонсо, Емилио Бутрагењо, Дин Хаусен и Трент Александер-Арнолд положија свежо цвеќе и испратија пораки во знак на сеќавање на Диого Жота.

Алонсо остави буќет со цвеќиња и порака на која пишуваше: „Реал Мадрид изразува длабоко сочуство до ФК Ливерпул и семејството на Диого Жота. Фудбалскиот свет жали за загубата на еден исклучителен фудбалер и неверојатна личност“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *