Нов скок: Ѓорческа на чекор од најдобрите 200 тенисерки во светот!

by

in

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно се доближува до друштвото на најдобрите 200 тенисерки во светот. На најновата ВТА ранг-листа таа забележа напредок од 12 места и сега се наоѓа на 201. позиција.

Иако минатата недела на турнирот во Роверето успеа да запише само една побед, против Италијанката Бранкачо и тој резултат сепак ѝ донесе значаен скок на листата.

Ѓорческа оваа недела ќе направи кратка пауза, бидејќи не е пријавена за настап на ниту еден турнир, но останува надежта дека до крајот на сезоната ќе успее да се врати меѓу најдобрите 200.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *