Големото шпанско дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра во недела од 16:15 часот, а претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, верува дека неговиот тим ќе излезе како победник од дуелот.
Лапорта, кој во пресрет на „Ел Класико“ имал вечера со фудбалерите на Барселона, сподели оптимистичка порака до навивачите.
„Убеден сум дека ќе го совладаме Реал Мадрид во недела. Играчите се полни со енергија и верба, мотивирани се до максимум“, кажа Лапорта.

Leave a Reply