Македонија во март ќе ја почне мисијата – квалификации за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги дозна своите противници во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Покрај ждрепката, вечерва беше официјално објавен и распоредот на натпревари, кој ги утврди датумите и времињата на дуелите.

Македонија ќе ги започне квалификациите на 22 март, со гостување кај Лихтенштајн. Натпреварот ќе се одигра во попладневниот термин од 15:00 часот.

Само три дена подоцна, на 25 март, македонската репрезентација ќе го одигра својот прв домашен натпревар, кога ќе го пречека Велс на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:45 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *