Протест во Ла Лига: Барселона и Жирона одбија да играат – ова е причината (Видео)

Фудбалерите на Барселона и Жирона испратија јасна порака на почетокот од нивниот натпревар во Ла Лига, кога одлучија да не играат во првите 15 секунди како знак на протест против одлука на раководството на шпанското првенство.

Причината за револтот е одлуката на Ла Лига мечот меѓу Барселона и Виљареал, закажан за декември, да се одигра во Мајами. Каталонскиот клуб, како и неговиот противник, сметаат дека ваквата одлука е неприфатлива поради долгото патување и нарушувањето на регуларноста на натпреварувањето.

Незадоволството на Барселона го поддржаа и други клубови од шпанската лига, кои побараа натпреварите да останат во рамките на националните терени.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *