Суперкомпјутерот на „Опта“ пресмета кој ќе биде шампион во Ла Лига

Сезоната во Шпанија ветува многу возбудувања, а аналитичарите на „Опта“ го искористија својот суперкомпјутер за да ги пресметаат шансите на екипите за освојување на титулата.

Според пресметките, главен фаворит за трофејот е Реал Мадрид, кој има 53,6% шанси да ја заврши сезоната како првак. Барселона се наоѓа на второто место со 38,66% веројатност за освојување на пехарот, што укажува на тесна битка помеѓу двата гиганти на шпанскиот фудбал.

По осум одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид е лидер со 21 бод, додека Барселона го следи со 19 поени. Фаворитите ќе имаат многу предизвици во наредните мечеви, а секое коло може значително да ја промени динамиката на борбата за титулата.