Шпанскиот првак Барселона постигна договор со холандскиот репрезентативец Френки де Јонг, кој потпиша нов договор со клубот што ќе трае до 2029 година.
Еден од клучните фудбалери на тимот од „Камп Ноу“ конечно ја официјализира соработката, со што стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
„Никогаш не размислував да си заминам. Од детството сонував да играм за Барселона – живеам сон што сакам да трае уште долги години“, изјави Де Јонг по потпишувањето на договорот.
Leave a Reply