Уште една „бомба“ крај езерото: Охрид доведе големо засилување!

Српскиот ракометар Младен Крсманчиќ е ново засилување на ГРК Охрид. Искусниот среден бек ќе го носи дресот на „гладијаторите“ најмалку во следните осум месеци.

Крсманчиќ има 33 години и висина од 184 сантиметри, а на Охрид доаѓа со богато интернационално искуство. Минатата сезона тој настапуваше за екипата на Вардар 1961, каде што прикажа одлични партии, а во својата кариера играл и за унгарскиот Чургу, шпанската Анаитасуна, како и за српските клубови Југовиќ, Слога и Железничар.

Новиот член на охридскиот клуб има и настапи за сениорската репрезентација на Србија, како и за сите младински селекции.

„Драго ми е што станав дел од РК Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период РК Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи“, изјави Крсманчиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *