Погледнете ја неговата реакција: Вашеро и самиот не можеше да си поверува дека го победил Ѓоковиќ (Видео)

by

in

Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, кој се наоѓа на 204. место на АТП-листата, приреди вистинско чудо на Мастерсот во Шангај, елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Вашеро, кој првично пристигна на турнирот како резерва, доби шанса да настапи во квалификациите, успешно ги мина сите пречки и стигна до своето прво големо финале во кариерата.

Победата над Ѓоковиќ без сомнение е најголемиот момент во неговата кариера досега, а неговата неверица беше очигледна – по мечот, пред поздравот на мрежата, со погледот вперен во Новак, како да се обидуваше да сфати што навистина направи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *