Поранешен ракометар на Вардар загина во експлозија на бомба во Белград!

by

in

Македонецот Мартин Сипковски е загинатиот во експлозијата што на 1 октомври го потресе центарот на Белград, на улицата Косовка, само неколку метри од зградата на Народното собрание.

Починатиот Сипковски, поранешен ракометар на Вардар во младинските категории, последниве години беше активен во модниот свет.

Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата настанала поради невнимателно ракување со експлозивна направа, за која се претпоставува дека била подготвувана за ликвидација на познат наркодилер.

Од силната детонација станот на Сипковски бил целосно уништен, а оштетувања претрпеле и два соседни стана во зградата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *