Капинковски си замина од Пелистер по слабиот старт на сезоната

by

in

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека по взаемен договор се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Димитар Капинковски.

Од клубот изразија благодарност за професионалниот ангажман на Капинковски и му посакаа успех во понатамошниот тек на неговата тренерска кариера.

Пелистер сезонава одигра девет натпревари, во кои забележа две победи, еден нерешен резултат и шест порази, што беше причина за промената на тренерската позиција.

Од битолскиот прволигаш најавуваат дека во наредните денови ќе биде промовиран новиот шеф на стручниот штаб кој ќе ја преземе екипата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *