Легенда на англискиот фудбал ќе биде нов тренер на Миовски?!

by

in

Стивен Џерард би можел повторно да седне на клупата на Ренџерс, клубот со кој веќе има успешно минато. Според пишувањата на британските медиуми, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, а конечниот епилог се очекува во текот на денот.

Глазговскиот гигант синоќа му врачи отказ на тренерот Расел Мартин по катастрофалниот почеток на сезоната. Ренџерс по седум одиграни кола има само осум бода и негативна гол-разлика од 6:7, што е далеку под очекувањата. Последниот неуспех беше ремито со Фалкирк – натпревар во кој тимот водеше со 1-0 благодарение на погодокот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски, но не успеа да ја сочува предноста.

Џерард веќе го предводеше клубот од 2018 до 2021 година, а токму во неговиот последен мандат Ренџерс ја освои шампионската титула во шкотската Премиер лига без ниту еден пораз. Поради тоа, навивачите со нетрпение очекуваат негово враќање.

Во моментов, поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е без ангажман, откако во јануари си замина од Ал Етифак во Саудиска Арабија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *