Роналд Араухо со жестока реакција на судиската одлука во првото полувреме од дербито меѓу Барселона и Севиља.
Уругвајскиот дефанзивец на Каталонците, видливо изнервиран, по завршувањето на првиот дел изјави дека тимот повторно е оштетен.
„Секогаш против нас! Секогаш!“, револтирано изјави Араухо, коментирајќи ја одлуката на главниот судија да досуди пенал во корист на Севиља.
Одлуката предизвика лавина реакции и на трибините и на социјалните мрежи, а дел од навивачите на Барселона тврдат дека станува збор за уште една во серијата спорни судиски одлуки на штета на клубот.
Leave a Reply