Чкембари продолжија да палат бакљи – полицијата ги избрка од сала! (Видео)

by

in

Навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ продолжија со палењето бакљи и во второто полувреме, па поради тоа реагираше и полицијата на натпреварот.

Околу 37-та минута од натпреварот полицијата ја испразни страната со гостинските фанови, па Пелистер до крај ќе биде без поддршка.