Македонија ќе има голема поддршка против Белгија – распродадени сите блети за натпреварот во Гент!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10.10.) за пласман на СП 2026 се целосно распродадени.

Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.

Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.

Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *