Вардар се засили со ракометар од Франција!

Ракометниот клуб Вардар денеска официјално го претстави своето најново засилување. Станува збор за 30-годишниот Жуниор Тузолана, кој пристигнува како замена за повредениот Махамаду Кеита.

Францускиот интернационалец игра на позицијата лево крило и ќе ја пополни празнината што ја остави Кеита, кој ќе отсуствува неколку месеци поради операција на рамото.

Тузолана потпиша договор до крајот на полусезоната, а во него е вклучена и опција за продолжување на соработката до крајот на тековната сезона.

Новото вардарово крило пристигнува од францускиот Сесон, клуб во кој настапуваше во изминатите четири години. Во својата кариера Тузолана играше и за Понто-Комбо, Истр и Нант.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *