Нападнат навивачот кој не ја шишаше косата поради Манчестер јунајтед (Видео)

Англискиот инфлуенсер Френк Илет доживеа непријатен инцидент во Манчестер по натпреварот меѓу Јунајтед и Челси. Веднаш по победата на „црвените ѓаволи“ со 2-1 на „Олд Трафорд“, тој стана мета на агресивен навивач.

Според сведоци, фанот му пријде пред стадионот, го зграпчи за коса и почна насилно да го влече, сè додека не интервенираа другите присутни.

Во моментите на нападот, навивачот извикувал дека ќе прави што сака и дека Илет е противник на Јунајтед, што дополнително ја вжештило атмосферата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *