Екипата на Вардар ќе ја продолжи подготовката за претстојните предизвици надвор од главниот град, откако поради силното загадување на воздухот и пожарот во Трубарево беше донесена одлука тимот да се пресели во Охрид.
Сè уште не е познато колку време „црвено-црните“ ќе останат таму, но сигурно е дека во четврток ќе заминат директно за Гостивар каде ќе го одиграат дуелот со Арсими во рамки на 6. коло.
„Поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево, кој се наоѓа на само неколку стотини метри од нашата тренинг база, управата по барање на стручниот штаб ја премести екипата во Охрид. Црвено-црните таму ќе бидат во карантин и ќе одржуваат тренинзи пред следните предизвици во домашниот шампионат. Во четврток, директно од Охрид ќе патуваме на натпреварот во Гостивар, против екипата на Аресими, во рамките на 6-то коло“, соопштија од таборот на црвено-црните.
Средбата против Арсими е закажана за четврток со почеток од 15:30 часот.
Leave a Reply