Заслужено: Панчев избран во идеалниот тим на Звезда на сите времиња!

Македонската фудбалска гордост Дарко Панчев се најде во идеалниот состав на Црвена звезда на сите времиња, во избор што го спроведе српскиот медиум „Моцарт Спорт“ со учество на легенди на клубот и спортски новинари.

„Кобрата“ блескаше во црвено-белиот дрес, освојувајќи ги сите можни трофеи во клупскиот фудбал, а најсилен белег остави со историскиот пенал во Бари кој му ја донесе европската титула на белградскиот гигант.

Во ова престижно друштво место доби и уште еден Македонец – Илија Најдоски, кој е избран меѓу резервите.

Во најдобриот состав покрај Панчев се најдоа и Џајиќ, Савичевиќ, Шекуларац, Стојковиќ, Југовиќ, Петровиќ, Михајловиќ, Белодедиќ, Видиќ, додека меѓу стативите е легендарниот Беара.

Тимот од клупата го води прочуениот стратег Миљан Милиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *