Тажна вест: Почина судијата кој делеше правда во двете финалиња во ЛШ кога Вардар стана шампион

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја потресе спортската јавност со веста дека почина германскиот судија Маркус Хелбиг, човекот кој стоеше зад свирката во двете историски финалиња на Вардар во Лигата на шампиони, во 2017 и 2019 година.

Хелбиг ја загуби битката со тешка болест на 53-годишна возраст, оставајќи зад себе богата кариера и бројни пријатели во светот на ракометот. Од него емотивно се прости и македонскиот судија Ѓорги Начевски.

„Почивај во мир, Маркус. Благодарам за сите прекрасни моменти и за дваесетгодишното пријателство. Многу ќе ни недостигаш“, напиша Начевски на социјалните мрежи.

Кариерата на Хелбиг започна уште во 1988 година. Со децении беше дел од врвот на германското и европското судење, водејќи голем број важни натпревари и оставајќи белег кој ќе остане запаметен во спортската историја.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *